понеделник, август 10, 2026
Дома СВЕТ Нереални глетки од тајфунот Делфин во Кина: Момче однесено од огромен бран...

Нереални глетки од тајфунот Делфин во Кина: Момче однесено од огромен бран пред очите на родителите/видео

0
EPA/Yu Riqian CHINA OUT

Деветгодишно момче е исчезнато откако беше однесено во морето од огромен бран додека шеташе во Венлинг, источна Кина.

Семејната прошетка се претвори во кошмар откако беше однесено во морето од бран додека преминуваше насип со своето семејство во Венлинг, покраина Џеџијанг, Кина.

Локалните власти изјавија дека областа била затворена за пешаци со барикади поради исклучително високите бранови предизвикани од тајфунот Делфин. Семејството очигледно скокнало преку бариерите и се обидело да претрча преку насипот кога удрил огромниот бран.

Потрагата по момчето сè уште е во тек.

Тајфунот Делфин предизвика обилни дождови и сообраќајни нарушувања во источна Кина, вклучително и откажување на повеќе од 1.000 летови.

ИЗДВОЕНИ