сабота, август 8, 2026
Дома МАГАЗИН Неколку часа по рокот одреден од судот: Работниците почнаа да го отстрануваат...

Неколку часа по рокот одреден од судот: Работниците почнаа да го отстрануваат името на Трамп од Центарот Кенеди

211
Фото:википедија

Работниците почнаа да го отстрануваат името на американскиот претседател Доналд Трамп од фасадата на „Центарот Кенеди“, неколку часа по рокот што го одреди судот.

Скеле беше поставено во петокот околу делот од зградата што го носи името на Трамп, но кратко по полноќ, Центарот Кенеди побара од судијата да го продолжи рокот до пладне денес поради бурите во Вашингтон.

„Центарот Кенеди“ соопшти дека „работата за отстранување е во тек и ќе биде завршена во раните утрински часови“.

Суд во Вашингтон донесе одлука да го отстрани името на американскиот претседател Доналд Трамп од името на Центарот за сценски уметности „Кенеди“ во тој град, кој беше поставен во декември минатата година.

Одлуката беше донесена по тужбата поднесена од демократската конгресменка од Охајо, Џојс Бити.

Белата куќа објави во декември дека одборот на директори гласал водечкиот центар за сценски уметности во Вашингтон да се именува како „Меморијален центар за сценски уметности на Доналд Трамп и Џон Ф. Кенеди“.

Името „Меморијален центар за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“ беше одредено во 1964 година од страна на американскиот Конгрес во чест на убиениот претседател кој помогна и делумно го финансираше почетокот на изградбата, која беше завршена дури во 1971 година, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ