недела, октомври 4, 2026
Дома МАГАЗИН Не сакате да го фрлите, ама не знаете што со бајатиот леб:...

Не сакате да го фрлите, ама не знаете што со бајатиот леб: Едноставно направете италијанска салата

0
Фото:википедија

Дилемата „што да се прави со стариот леб откако ќе се исуши“ лесно се решава. Еве предлог за лесно јадење во кое стариот леб е една од клучните состојки.

Подготовката е многу едноставна, а резултатот е одличен, пренесува 021.rs.

Состојки:

– Свеж босилек

– ладно цедено маслиново масло

– 300 грама стар леб, исечкан на парчиња

– 500 грама зрели домати

– 55 грама маслинки

– Половина црвен кромид

– Една лажица оцет од црвено вино

– Сол

– Свежо мелен црн пипер

Подготовка:

Измешајте го поголемиот дел од босилекот со маслото, а малку оставете за декорација.

Измешајте ги парчињата леб со половина од оваа ароматична мешавина од масло; лебот треба да го впие вкусот пред да се соедини со останатите состојки.

Ставете ги доматите во голем сад и малку притиснете ги за да го пуштат сокот.

Измешајте ги со поголемиот дел од маслинките, црвениот кромид и уште малку маслиново масло.

Додадете го лебот и оцетот.

Додадете ги во салатата преостанатото зачинето масло, босилекот, кромидот и маслинките.

ИЗДВОЕНИ