недела, октомври 4, 2026
Дома СВЕТ Трагичен инцидент во САД: Девојче загина во вкрстен оган за време на...

Трагичен инцидент во САД: Девојче загина во вкрстен оган за време на пукање поради расправија за паркинг-место

0

Полицијата интервенираше во саботата во паркот „Леон Деј“, каде што беа пронајдени девојче и жена со прострелни рани. Двајца мажи исто така побараа лекарска помош во болниците во околината, соопшти полицијата.

Констатирана е смртта на девојчето во болницата. Тројца возрасни се здобија со повреди кои не се опасни по живот, додаде полицијата.

Двајца мажи, кои се расправале за паркинг-место, почнале да пукаат еден кон друг; девојчето и жената биле погодени од куршуми за време на размената на оган, соопшти полицијата, додавајќи дека трага по најмалку двајца осомничени.

Девојчето не било цел на пукањето.

„Двајцата мажи отворија оган еден кон друг. Фатена во вкрстениот оган, дванаесетгодишно девојче – кое веројатно било таму за да гледа натпревар – беше погодено и загина“, соопшти полицијата.

Инцидентот се случи на паркинг во близина на местото каде што се одржуваше натпревар во американски фудбал за млади, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ