четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Напредува реновирањето на градскиот базен во Кавадарци

Напредува реновирањето на градскиот базен во Кавадарци

1207

Четири децении по градбата, комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека напредуваат активностите за реновирање на базенот и посочи повеќе интересни содржини во самиот комплекс.

– Инвестицијата е околу 800 илјади евра, поддржана од Владата со унгарскиот заем. Очекуваме до 15 јуни да го отвориме реконструираниот и доизграден базен. Мислам дека во регионот, а и пошироко, ќе имаме еден од најдобрите и најмодерни базени – нагласи Јанчев.

Базенот ќе има комплетно нови плочки, нов пумпен систем за вода и филтри. На дел од големиот базен ќе се постават и тобогани, а другиот дел ќе остане рекреативен. Во малиот детски базен ќе се постават детски реквизити за водните лудории на децата, а во партерот ќе има и детско игралиште на гумена подлога.

Комплетно ќе бидат реновирани тоалетите, соблекувалните, тушевите, партерот околу целиот базен, собата за доктор, влезните партии, ќе  има нов покрив на постојните шанкови, лежалки и сè што е дополнително потребно да функционира градскиот базен како забавен воден парк, и за младите и за постарите. 

 

ИЗДВОЕНИ