четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Најтоплата деценија во последните 176 години: „Климата глобално е во вонредна состојба“

Најтоплата деценија во последните 176 години: „Климата глобално е во вонредна состојба“

46

Деценијата помеѓу 2015 и 2025 година беше најтоплата откако започнаа да се водат евиденции во 1850 година, соопшти денес Светската метеоролошка агенција на Обединетите нации (СМО).

Во соопштението се вели дека 2025 година била за околу 1,43 степени Целзиусови потопла од постиндустрискиот просек, пренесува Ројтерс.

„Климата е во глобална вонредна состојба. Секој клучен климатски индикатор е во црвената зона“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Светските влади се обврзаа да се обидат да избегнат глобално затоплување кое надминува 1,5 степени Целзиусови во Парискиот договор од 2015 година.

 

ИЗДВОЕНИ