вторник, септември 22, 2026
Дома БАЛКАН На сметките на милиони граѓани во Србија од денеска „легнуваат“ по 6.000...

На сметките на милиони граѓани во Србија од денеска „легнуваат“ по 6.000 динари

1

Во Србија денеска почнува исплатата на еднократна финансиска помош од 6.000 динари и ќе трае до 25 септември, а околу 1,7 милиони луѓе аплицирале за неа преку порталот на Управата за финансии.

Според податоците на српскиот министер за финансии во технички мандат, Синиша Мали, 1.696.000 граѓани аплицирале за исплата на еднократен паричен надомест, а речиси три милиони го провериле својот статус во Фондот на акционери.

Еднократната помош е дел од поширок пакет поддршка за граѓаните во вредност од 980,6 милиони евра, што вклучува претходно исплатени еднократни бенефиции, поевтини лекови, ваучери за пензионери.

ИЗДВОЕНИ