петок, јуни 19, 2026
Дома БАЛКАН На крузерот со хантавирус има и Црногорци: Засега нема симнување на копно!

На крузерот со хантавирус има и Црногорци: Засега нема симнување на копно!

158
pexels

На патничкиот крузер кој плови под холандско знаме во Атлантикот, се појави епидемија, а три лица како што постои сомневање починаа од хантавирус. Институтот за јавно здравје на Црна Гора објави дека на крузерот има црногорски државјани, но дека немаат информации дали тие се меѓу болните или за кои се сомнева дека се заразени.

– Сите лица кои имале симптоми имале треска и заболување слично на грип; некои лица пријавиле гастроинтестинални симптоми и екстремен замор, додека други развиле пневмонија. Според достапните податоци, се сомневаат на инфекции предизвикани од хантавирус, вклучувајќи три смртни случаи – се нагласува во соопштението.

Според информациите на бродот имало 147 лица, вклучувајќи 88 патници од следниве земји: Велика Британија, Шпанија, Франција, Германија, Грција, Белгија, Полска, Ирска, Турција, Соединетите Американски Држави, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Аргентина, Јапонија, Филипини, Русија, Украина, Црна Гора, Индија, Португалија, Гватемала и Холандија.

– Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во согласност со своите надлежности, презеде активности за собирање дополнителни информации. По добивањето на одговор од релевантните меѓународни институции, јавноста ќе биде навремено информирана – се додава во соопштението на ИЈЗ.

Патниците на крузерот останаа заглавени на море кај Зеленортските острови, без дозвола за симнување на копно, откако три лица починаа, а едно е во критична состојба поради епидемија на хантавирус, инфекција што ја пренесуваат глодари.

Инфекцијата е регистрирана на бродот MV Hondius, кој пловел од Ушуаја, Аргентина, до Капо Верде. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека тројца патници починале – вклучувајќи и британски државјанин кој бил позитивен на тестот за хантавирус – и се истражуваат вкупно шест сомнителни случаи. Првата жртва бил 70-годишен патник, а неговата 69-годишна сопруга, двајцата холандски државјани, исто така починала кратко потоа.

Хантавирусните инфекции најчесто се пренесуваат преку контакт со заразени измет од глодари или со вдишување честички контаминирани со урина, измет или плунка од глодари.

Преносот од човек на човек е исклучително редок и невообичаен за повеќето хантавируси.

 

Хантавирусот започнува безопасно, а завршува фатално – ова се симптомите што не треба да се игнорираат

ИЗДВОЕНИ