Според првите резултати од словенечките избори, Словенечката демократска партија на Јанез Јанша е во водство пред партијата Движење за слобода (Gibanje Svoboda) на актуелниот премиер Роберт Голоб. Ова е пресврт во споредба со излезните анкети, според кои Голоб беше во водство.
Според првите неофицијални резултати на Државната изборна комисија, во Словенија се преброени 70,21 проценти од гласовите.
СДС моментално е со освоени 28,58 проценти, додека Движењето за слобода е многу блиску со 28,33 проценти.
Според овие резултати, коалиција од НСи, СЛС и Фокус сепак би влегла во парламентот, по што следат СД, Демократи, Ресни.ца и Левица со Весна.












