Популарната босанска пејачка, Ханка Палдум, која не крие дека наскоро ќе наполни 71 година, повторно привлекува големо внимание кај публиката, но не само со песната туку и со својот есенски имиџ, со марамите на главата и со очила за сонце. Нејзиниот нов моден стил предизвика бројни позитивни реакции, па дури и кај нејзината добра пријателка и добра естрадна колешка од Скопје, нашата Цветанка Ласкова, која исто така може да се пофали дека изгледа одлично во тие пристојни години, како и самата Ханка.

– Сепак, модата е минлива, вели насмеаната Ханка, а само јас и мојата драга Цветанка сме вечни! За оние што не се сеќаваат, да се потсетиме дека Ханка во Македонија честопати доаѓа и приватно, вљубена е во нашиот менталитет, сличен на босанскиот, а многу ја обожава и македонската кујна. Последен концерт имаше пред многу години, во рамките на „Валандово фолк-фест“. За нов концертен настап во Македонија се прават преговори, а веројатно ќе се случи на пролет.

И ние се сложуваме со Ханка, дека модата е минлива, а пријателствата остануваат. Таа е со децении присутна на музичката сцена, а во текот на кариерата важела дури и за една од убавиците на естрадата. По објавувањето на фотографијата со црната марама, луѓето се прашуваат дали пејачката направила естетски корекции, со оглед на тоа што на фотографијата има младешки изглед.        – Немам никакви естетски зафати, а годините не ги бројам. Воопшто не се оптоварувам со староста. Ниту со со брчките. Се раѓаме и потоа заминуваме, неизводливо е бесконечно да траеме, па затоа максимално уживам во секој дел од животот. Секогаш сум добро расположена!

Песните што ги испеала Ханка и денес се слушаат со иста љубов, на многубројни концерти, веселби, дружби, од Вардар до Триглав. Особено е позната онаа нејзината рокерска, во фолк-манир, „Вољела сам, вољела“.  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ