недела, јуни 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Дали 2027 година е опција за изборите? ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена...

Мицкоски: Дали 2027 година е опција за изборите? ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена да оди на изборите и да победи

341

Премиерот Христијан Мицкоски посакува парламентарни избори во 2028 година но додава дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да победи и на изборите во 2027 година.

Во денешната изјава тој рече дека некои партии се исплашија од неговата вчерашна изјава дека „набрзо ќе има избори“.

-Има некоја од партиите што се исплашија од таа изјава за изборите. Јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да има редовни избори кои што ќе се случат наскоро, во пролет 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секоагш подготвена да оди на изборите и да победи – рече Мицкоски.

Тој додаде дека во фокусот на Владата се реформите.

-Она што сега го правиме и кое што го има нашиот фокус е да испорачаме реформи и да ја заголемиме економската активност и со што ќе го зголемиме стандардот на граѓаните – потенцира Мицкоски.

На прашањето која била целта на изјавата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски посочи дека „едноставно такви се законите“ и „мора на секои 4 години да има редовни избори“.

Премиерот Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања по обраќање на настанот „Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)“ во организација на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ