вторник, јуни 16, 2026
Дома МАГАЗИН Меланија ги разголи рамениците на државната вечера: Кралот Чарлс не ги тргна...

Меланија ги разголи рамениците на државната вечера: Кралот Чарлс не ги тргна очите од Првата дама на САД

480
EPA/MAXINE WALLACE / POOL

Државната вечера одржана во чест на кралот Чарлс и кралицата Камила привлече големо внимание од модните критичари поради присуството на Меланија Трамп.

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп, присуствуваше на државна вечера во чест на кралот Чарлс и кралицата Камила.

Според PageSix, Меланија за оваа пригода избрала розов фустан од модната куќа Диор. Волуменските детали биле над градите, а моделот немал прерамки. Наборите околу половината дополнително ја нагласувале нејзината фигура, додека Меланија го надополнила својот аутфит со сатенски чевли во истата нијанса.

За да биде сè уште поелегантно, првата дама на Америка се погрижила да додаде пар бели ракавици на својот внимателно одбран стајлинг, да ја фенира косата во меки бранови и сè да го заокружи со пар спектакуларни обетки.

Доналд Трамп не заостанувал многу кога станува збор за мода, па за оваа пригода избрал црно свечено одело, најбезбедниот избор за секој маж. Сепак, кралот Чарлс ја гледал Меланија со фасцинација, ако се суди според фотографиите.

Кралот Чарлс и кралицата Камила пристигнаа во Америка во понеделник и ќе останат до четврток. Ова е негова прва посета на Америка откако стана крал.

ИЗДВОЕНИ