вторник, јули 14, 2026
Дома СКОПСКА Меѓународен фолклорен фестивал „скупи“ во Карпош

Меѓународен фолклорен фестивал „скупи“ во Карпош

11

Со почеток во 18:00 часот, утре, на плоштадот „Делфина“, ќе се одржи јубилејното 20. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи 2026“, во организација на Ансамблот „Каршијака“ од Скопје.

На фестивалот ќе настапат традиционални фолклорни ансамбли и групи од единаесет држави од повеќе континенти, кои преку музика, игра и народни носии ќе го претстават богатството на своето културно наследство.

Како општина која континуирано го поддржува културно-уметничкото творештво и ја негува традицијата, Општина Карпош и оваа година финансиски го поддржува фестивалот, придонесувајќи кон промоцијата на фолклорната уметност, меѓукултурната соработка и збогатувањето на културниот живот во локалната заедница.

Од Општината ги покануваат сите граѓани да присуствуваат и да уживаат во богатата фолклорна програма и уникатната атмосфера што ја носи овој меѓународен фестивал

 

ИЗДВОЕНИ