Медиуми: Трамп е разочаран од Нетанјаху, ќе ги постигне целите на Блискиот Исток без Израел

6

Американскиот претседател Доналд Трамп е разочаран од постапките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ќе преземе чекори за да ги постигне своите цели на Блискиот Исток, без да чека на Израел, објави денес израелскиот весник „Хајом“, повикувајќи се на свои извори.

Во врска со договорот со Саудиска Арабија, Трамп сака Израел да биде централен дел од договорот, но „Нетанјаху го одложува донесувањето на потребните одлуки“, пишува весникот.

Во него се додава дека Трамп останува „лут“ на Нетанјаху поради наводниот обид на Израел да ја принуди Белата куќа да преземе воена акција против нуклеарната програма на Иран.

ИЗДВОЕНИ