Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот профил на ТикТок објави видео кое предизвика бројни реакции поради неговата бизарност.
Тој објави видео во кое го испроба предизвикот за погодување газирани пијалоци. Пред него биле ставени четири чаши со четири различни, но слични, газирани пијалоци. По вкусот мораше да погоди каков пијалок е тоа.
„Сето ова ми е исто. Ако навистина треба, дајте ми Coca-Cola Zero, за нас буцкастите“, напиша тој во описот на објавата.
@jasamaleksandar Meni je sve ovo isto. Ako baš mora, dajte koka-kolu zero, za nas punačke. 😅 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar
„Пробај ги сендвичите, тоа ќе го подогиш од прва“, се пошегуваа луѓето во коментарите.
„Дали е ова вештачка интелигенција?“, „Мојот пријател кој нема работа објавува вакви видеа, само седи на каучот и објавува глупости по цел ден“, „Господе, погледни нè“, „Кога ги игнорирам проблемите“, „Твојата земја се распаѓа, а ти пиеш кока-кола“, се некои од другите коментари.
ИЗДВОЕНИ

Убил најмалку пет лица: Се појави видео од моментот кога полицаец совладува напаѓач во Краков

Вооружен човек отвори оган на преполн плоштад во Полска, бројот на жртви расте

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!

Македонскиот кикбокс е на врвот, но спортските институции не нè вреднуваат како што заслужуваме!








