четврток, јануари 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малолетничка од Скопје уценувана од соученици, им дала 25.000 евра за да...

Малолетничка од Скопје уценувана од соученици, им дала 25.000 евра за да не го тепаат нејзиниот помал брат

260

Педесет и двегодишник од Скопје пријавил во полициска станица дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.

Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ИЗДВОЕНИ