вторник, октомври 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасни горештини и температури над 40 степени, доаѓа...

МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасни горештини и температури над 40 степени, доаѓа пресврт со невреме

70

Целата територија на Македонија денеска влегува во портокалова алертна фаза поради екстремно високи температури.

Метеоролозите предупредуваат на опасен бран горештини кој ќе донесе температури и над 40 степени Целзиусови. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи денеска и утре не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.

Поради портокаловата фаза, избегнувајте престој на отворено во најтоплиот период од денот и почитувајте ги препораките на лекарите.

Пресврт од недела

Сепак, стабилното и пеколно топло време нема да трае долго. Веќе од недела, во попладневните часови, следува нагла промена на синоптичката состојба. Метеоролозите најавуваат локална нестабилност проследена со пороен дожд и силни грмежи, како и засилен ветер во повеќе региони. Можна е и појава на град, предупредуваат од УХМР.

ИЗДВОЕНИ