сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ МААЕ има информации дека клучните згради во иранскиот нуклеарен погон се оштетени

МААЕ има информации дека клучните згради во иранскиот нуклеарен погон се оштетени

78
Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT --

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) има информации дека клучните згради во иранскиот истражувачки центар за тешка вода во Хондаб се оштетени во израелските напади, вклучително и единица за дестилација, соопшти Агенцијата денес на својата платформа X.

Соопштението дојде откако МААЕ вчера процени дека реакторот е погоден, но дека нема радиоактивни последици, пренесува Ројтерс.

МААЕ вели дека ураниумот во Иран достигнал збогатување од околу 60 проценти – на добар пат да биде доволно концентриран за нуклеарно оружје.

ИЗДВОЕНИ