Литванија, а по неа и Латвија забранија прелет на авионот на српскиот претседател Вучиќ кон Москва

608

Литванија и Латвија забранија прелет на авионот во кој српскиот претседател Александар Вичиќ би патувал кон Москва.

Литванските власти и официјално забранија прелет на српскиот авион до Москва во кој би требало да лета претседателот на Србија Александар Вучиќ, дознава „Новости“.

Како што наведуваат литванските власти, прелет на авион во кој би се наоѓал српскиот претседател Александар Вучиќ е забранет, поради, како што наведуваат, “ техничка и дипломатска осетливост“.

По веста за одлуката на литванските власти, пристигна и информација дека и Латвија ја донела истата мерка.

Латвиските власти забраниле прелет на српскиот авион поради, како што наведуваат, „политичката чувстителоност на целта на летот“.

 

ИЗДВОЕНИ