Либанските власти го ослободија денеска Ханибал Гадафин, син на покојниот лидер на Либија Муамер Гадафи, откако платил кауција од 900.000 долари, пренесе „Бета“.
Ханибал Гадафи беше притворен во Либан 10 години, бидејќи наводно одбивал да даде информации за исчезнат либански свештеник, соопшти неговиот правен тим.
Ослободувањето се случи неколку дена откако либанските власти му ја укинаа забраната за патување на Гадафи и му ја намалија кауцијата.
Судот првобитно бараше за кауција да се платат 11 милиони долари, но минатиот четврток кауцијата беше намалена на 900.000 долари.
ИЗДВОЕНИ

Случај „Алта банка“: Што се случува со заштедите и кредитите на граѓаните?

На Токио му дадовме шахта! Најновиот филм „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски премиерно прикажан во Јапонија

Длабок судир меѓу владата и Уставниот суд ја тресе Полска: Распоредена полиција, претседателот итно се врати во Варшава

Генерацијата Z не сака војна, денеска излегуваат на улиците низ Германија








