сабота, јануари 31, 2026
Дома СВЕТ Ладен туш за Маск: Мора да се држи подалеку од вселената

Ладен туш за Маск: Мора да се држи подалеку од вселената

230

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека милијардерот Илон Маск нема да учествува во одлуките на американската влада поврзани со вселената, објави Ројтерс.

„Во што било што има врска со вселената, нема да дозволиме Елон да биде вклучен“, беше одговорот на Трамп на новинарско прашање за потенцијален конфликт на интереси.

Може да дојде до конфликт на интереси бидејќи Маск е сопственик на SpaceX, како и поради тоа што учествува во работата на владиниот Оддел за ефикасност (DOGE).

Белата куќа претходно објави дека Маск ќе се повлече од каков било конфликт на интереси што ги вклучува неговите компании и одделенијата DOGE.

Белата куќа во понеделникот објави дека улогата на Маск во администрацијата на Трамп е назначена како „виш советник на претседателот“ и дека тој не е вработен во DOGE.

Во соопштението се наведува и дека Маск нема овластување да учествува во одлучувањето.

„Илон за мене е патриот. Знаеш, можете да го наречте вработен, консултант, што сакате. „Но, тој е патриот“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ