понеделник, септември 7, 2026
Дома БАЛКАН Квадрат НЕВЕРОЈАТНИ 12.000 евра: Ова е најскапиот стан продаден во Србија годинава!

Квадрат НЕВЕРОЈАТНИ 12.000 евра: Ова е најскапиот стан продаден во Србија годинава!

0

Во првото полугодие од 2026 година во Србија најмногу е платен стан во белградската општина Стари град и тоа за 2,6 милиони евра, што воедно е и најскапиот квадрат продаден по цена од 12.000 евра, објави денеска Републичкиот геодетски завод (РГЗ).

Најскапата куќа е продадена на територијата на белградската општина Савски венац, за 2,1 милион евра, а најскапото гаражно место е платено 77.000 евра, и тоа исто така на територијата на Стари град.

Пазарот на недвижности во Србија во првото полугодие вредеше 4,2 милијарди евра, што претставува раст од 10,1 отсто во однос на првото полугодие од 2025 година, а бројот на купопродажни договори изнесуваше 61.343, односно 0,2 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

Во овој период дојде и до продолжување на умерениот раст на цените на становите со годишна стапка на раст од 5,25 отсто, се наведува во соопштението.

Најголемиот дел од парите на пазарот на недвижности е инвестиран во станови и изнесуваше 2,5 милијарди евра, што чини 61 отсто од вкупно прометот. За купување куќи се издвоени 328 милиони евра или осум отсто, за градежно земјиште 282,8 милиони евра (седум проценти), за деловни простории 212,9 милиони евра или пет отсто, а за земјоделско земјиште 125,6 милиони евра, односно три проценти.

Градот Белград доминира во вкупната вредност на продадените станови со удел од 55 отсто.

Белград има и најголемо учество во вредноста на продадените гаражни простори (68 отсто), деловните простории (51 отсто) и градежното земјиште (50 отсто).

ИЗДВОЕНИ