Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк – Фонтана на бул.„Илинден“, при вршење на службени дејствија кон лишено од слобода, на кое рацете му биле врзани со лисици, без основ употребил физичка сила и му задал удар во грбот. Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.











