Новите сопственици на Лос Анџелес лејкерс би можеле да му понудат важна улога на Крис Пол во организацијата. Според извештаите, продажбата на франшизата на Џош Кушнер и на поранешниот извршен директор на „Дизни“, Боб Игер, е договорена.
Токму блискоста на Пол со Игер го прави поранешниот НБА-плејмејкер име што треба да се следи.
Новинарката Рамона Шелбурн го посочи Пол како можна фигура во новата структура на Лејкерс.
- Крис Пол му е многу близок пријател на Боб Игер. Тој беше негов ментор. Не знам што значи тоа, но очекувам дека ќе проговори – изјави Шелбурн.
Пол ја заврши својата 21-годишна НБА-кариера во февруари, а негово враќање на теренот засега не се очекува. Сепак, неговото огромно искуство и кошаркарското знаење би можеле да му ја отворат вратата кон некоја функција во Лејкерс.
Засега нема потврда дека се воделе конкретни разговори, ниту е познато каква би била неговата евентуална позиција во клубот.











