понеделник, јуни 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Кремљ профитира на Иран

Кремљ профитира на Иран

31

Даночните приходи на Русија од екстракција на природни ресурси се зголемија повеќе од двојно во април, делумно поради порастот на глобалните цени на енергијата предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток, соопшти руското Министерство за финансии.

Минатиот месец, даноците за екстракција на природни ресурси ѝ донесоа на руската државна каса 917 милијарди рубли (12,2 милијарди американски долари), покажаа официјалните податоци. Во март, тие приходи изнесуваа 443 милијарди рубли. Најголемиот дел од приходите во април, еквивалентен на околу 10 милијарди долари, дојде од оданочување на нафтата.

Април беше првиот месец во кој порастот на глобалните цени предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток беше целосно одразен во приходите на рускиот буџет.

Москва, сојузник на Техеран, не интервенираше директно воено во американско-израелскиот конфликт со Иран, но кризата на Блискиот Исток ѝ донесе значителни придобивки.

Сепак, голем дел од оваа неочекувана добивка сè уште не е депонирана во државната каса. Владата врати околу половина од приходите од нафта на домашните нафтени компании, обидувајќи се да го ограничи скокот на цените на бензинот и дизелот на домашните бензински пумпи и да поддржи надградби и поправки на рафинериите.

Нафтениот сектор сè уште е клучен извор на финансирање за војната на Русија во Украина. Затоа, Киев сè повеќе ги таргетира рафинериите, системите за складирање на нафта и терминалите за извоз во напади со беспилотни летала, обидувајќи се да ги намали овие руски приходи, наведува Дпа.

ИЗДВОЕНИ