вторник, јули 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Kрај на дипломатијата, започна економската војна: Америка експресно ја стопираше иранската нафта...

Kрај на дипломатијата, започна економската војна: Америка експресно ја стопираше иранската нафта – Ормускиот теснец блокиран

0

Министерството за финансии на САД ја поништи општата лиценца со која се овластуваше продажбата на иранска нафта, соопшти Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC).

– Од 7 јули 2026 година, Општата лиценца X, со датум 21 јуни 2026 година, е поништена и целосно заменета со Општата лиценца X1, се вели во соопштението.

Соединетите Американски Држави претходно делумно ги укинаа санкциите за извоз на иранска нафта по „охрабрувачките“ разговори за прекин на војната, по што Министерството за финансии на САД издаде 60-дневно ослободување во јуни, отворајќи го патот за производство, испорака и продажба на иранска нафта во Соединетите Американски Држави.

Новинската агенција Ројтерс цитираше неименувани американски претставници кои изјавија дека дејствијата на Иран во Ормускиот теснец се „целосно неприфатливи за САД и ќе се соочат со последици“.

Овој потег дојде откако два танкери беа нападнати во теснецот во последните 24 часа.

ИЗДВОЕНИ