понеделник, октомври 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Костенијада 2026“ на платформата на Смоларскиот водопад

„Костенијада 2026“ на платформата на Смоларскиот водопад

14

Доколку сакате да присуствувате на дегустација на топли костени и добра забава, Општина Ново Село ве повикува на 18.10.2026 година да ја посетите годинашната „Костенијада  2026“, која ќе се одржи на платформата под Смоларскиот водопад, со почеток во 11:00 часот.

Забавата ќе ја приредат Дамјан Стојаноски, кој ќе ги пее најубавите македонски песни, потоа со најубавите македонски ора ќе настапи општинското КУД „Јане Сандански“, кое е задолжено за зачувување на македонската традиција и култура.

Освен тоа, д-р Александар Митов ќе одржи предавање за здрава исхрана и здрави животни навики, додека проф. д-р Јане Ацевски од Шумарски факултет ќе одржи предавање за важноста на костенот и начините за негово одржување и одгледување.

Дополнително изненадување ќе приредат Јане Крстев, Пале Ѓорѓиева и Давид Стојанов со три тапани во силен македонски ритам.

Оваа Костенијада е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

ИЗДВОЕНИ