недела, септември 13, 2026
Дома БАЛКАН Кобна средба меѓу двајца пријатели во Хрватска: Убиен млад човек

Кобна средба меѓу двајца пријатели во Хрватска: Убиен млад човек

0

Во селото Радованци кај Пожега денеска е пронајдено телото на млад маж, а едно лице поврзано со инцидентот моментално е во полициски притвор. Полициската управа на Пожега-Славонија соопшти дека пријава за инцидентот добила околу 9:53 часот.

Според неофицијални информации, мажот бил убиен со остар предмет, пренесува „Индекс“. Според локалниот портал „034портал“ во Радованци дошло до судир меѓу двајца мажи кои биле пријатели. Наводно, и двајцата мажи ѝ биле од претходно познати на полицијата.

Станува збор за млади мажи, а полицијата сè уште нема објавено дополнителни детали за околностите на инцидентот. Полицијата врши увид на лице место, по што ќе следи криминалистичка истрага за да се утврдат сите околности поврзани со смртта на мажот.

Дополнителни информации се очекуваат подоцна во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ