Кисела Вода ќе црпи искуства од Хрватска за европските практики

57

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска ѝ беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети Општината, во рамките на унапредувањето на меѓусебната соработка.

– Амбасадорката Тигањ истакна дека Хрватска е подготвена да ги сподели своите искуства, особено во делот на усогласувањето на стандардите со европските практики. Таа ја поздрави посветеноста на локалната самоуправа за проактивен пристап во привлекувањето инвестиции и развојот на локалната заедница. Градоначалникот Ѓорѓиевски, од своја страна, ја нагласи важноста од градењето силни партнерства со пријателските земји, додавајќи дека оваа соработка претставува можност за трансфер на знаење и на ресурси, кои ќе придонесат за подигнување на квалитетот на животот во Општината – соопштија од Општина Кисела Вода.

 

 

ИЗДВОЕНИ