петок, јуни 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

Ќе се руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

30

По информации добиени од јавноста, информираме денеска, Државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид.

При инспекцискиот надзор утвредено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено.

Согласно наодот на Државниот инспектор, ДИГУ ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи.

Министерството за транспорт останува силно посветено на борбата против нелегалните објекти, доследно и без исклучоци, насекаде низ државата. Законот за градење важи подеднакаво за сите и нема да има селективна примена.

Нема да дозволиме дивеење со бесправната градба и узурпација на јавното добро. Продолжуваме со одлучна и неселективна борба против нелегалните објекти со единствена цел, да воспоставиме ред и да го зачуваме јавниот интерес и простор.

ИЗДВОЕНИ