недела, ноември 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ќе има училишна кошница, а ограничувањето на маржи ќе биде годишно

Ќе има училишна кошница, а ограничувањето на маржи ќе биде годишно

106

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот Христијан Мицкоски денес им порача на маркетите да бидат внимателни оти се следи растот на цените.

„Тоа го следиме како процес и мојата порака до маркетите е да не се служат со трикови затоа што ограничувањата може да бидат годишни, а не неделни или месечни. Многу внимателно преку Пазарниот инспекторат и Министерството за економија и труд го следиме однесувањето на некои од маркетите“, рече премиерот Мицкоски одговарјќи на новинарски прашања по прошетката во обновената Клиника за уво, нос и грло.

Со недели премиерот Мицкоски најавуваше дека до крајот на јули ќе се знае моделот по кој Владата ќе постапува за поскапувањето на прехранбените производи. Се правеа анализи и се разгледуваа разни пристапи, се правеа консултации со професори и со претставници на трговските синџири, но детали за тоа какви мерки ќе се преземат премиерот не кажа ниту денес по истекот на јули.

ИЗДВОЕНИ