Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ преговара со европски аеродроми за преземање слотови за полетување и слетување од авиопревозници што се соочуваат со финансиски проблеми и со можен банкрот. Ова го потврди директорот за корпоративни работи на компанијата, Овејн Џонс, за „Ројтерс“.
Високите цени на горивото и геополитичката неизвесност ги зголемуваат финансиските притисоци врз европските авиокомпании, а аналитичарите предупредуваат дека би можеле да банкротираат дел од послабите превозници во текот на зимата. За ослободените слотови се заинтересирани „Визер“ и „Рајанер“.
„Визер“ планира да го проширува присуството во Централна и во Источна Европа, како и во Италија и во Шпанија.
Компанијата има доминантна позиција и на македонскиот авиопазар. Според податоците на ТАВ Македонија, во првите девет месеци од 2026 година „Визер“ превезувала 63,8 проценти од патниците на Скопскиот и 70 проценти на Охридскиот аеродром. Засега нема потврда дека ќе резултираат преговорите со нови линии од Македонија.












