понеделник, јули 13, 2026
Дома КУЛТУРА Изложбата „Трага во времето“ – за десетгодишниот пат на Национален џез оркестар во...

Изложбата „Трага во времето“ – за десетгодишниот пат на Национален џез оркестар во Музејот на град Скопје

14

На 14 јули, со почеток во 20:30 часот, во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје, ќе се отвори мултимедијалната изложба „Трага во времето“, која се реализира во рамките на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија.

Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти.

Влезот е слободен.

ИЗДВОЕНИ