Полуфиналето на Светското првенство меѓу Аргентина и Англија ќе донесе историски момент бидејќи Лионел Меси, првпат во својата богата кариера, ќе се соочи со „Гордиот Албион“.

Во пресрет на дуелот, поранешниот англиски репрезентативец, Џо Кол, самоуверено порача дека Англија има план како да го запре аргентинскиот капитен.

  • Ќе го успиеме. Сто проценти. Пребрзи сме и премногу силни за Аргентина и верувам дека ќе се пласираме во финалето. Меси првпат ќе игра против Англија? Па, ќе го успиеме, ќе го успиеме, 100 %, изјави Кол за Би-би-си.

Аргентина до полуфиналето стигна по победата над Швајцарија по продолженија, додека Англија ја елиминираше Норвешка со 2:1.

Дуелот носи и голема историска тежина бидејќи ривалството меѓу двете селекции е едно од најжестоките во светскиот фудбал. Најпознатата пресметка останува онаа од Мундијалот во 1986 година, кога Диего Марадона ги постигна легендарните голови „Божјата рака“ и еден од најубавите голови во историјата на светските првенства.

 

ИЗДВОЕНИ