петок, август 7, 2026
Дома МАГАЗИН Истражување: Електричните тротинети многу поопасни од велосипедите и моторите

Истражување: Електричните тротинети многу поопасни од велосипедите и моторите

0

Електричните тротинети се значително поопасни од мотоциклите кога станува збор за тешки повреди на главата, покажува анализа на сообраќајни несреќи во Англија и Велс. Според истражувањето, возачите на тротинети имаат повеќе од трипати поголем ризик од трауматска повреда на мозокот, а почесто се здобиваат и со повреди на внатрешните органи и крвните садови.

Студијата покажала дека жените имаат повеќе од двојно поголема веројатност да претрпат сериозни повреди, додека помалку од шест проценти од повредените носеле заштитна кацига во моментот на несреќата.

Експертите сметаат дека главна причина е дизајнот на тротинетите – малите тркала и повисокото тежиште ги прават помалку стабилни, па лесно доаѓа до падови при удар во дупка или рабник.

Поради тоа, истражувачите бараат воведување задолжителна обука за возачите, носење кациги и построги правила за користење на електричните тротинети.

ИЗДВОЕНИ