
Главниот преговарач на Иран и претседател на Парламентот, Мохамад Багер Галибаф, денеска изјави дека Техеран нема да преговара со Соединетите Држави „сè додека не се исполнат седумте услови на Иран“.
Иранските власти јавно не обелоденија за какви услови станува збор.
Сепак, иранските државни медиуми пренесуваат дека тие вклучуваат укинување на санкциите, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на запленетите ирански средства.
Галибаф исто така предупреди дека Иран ќе го „прошири географскиот опсег на конфликтот доколку непријателот направи грешка“.
Поморската единица на Иранската револуционерна гарда соопшти дека три танкери за нафта удриле во поморски мини, бидејќи, како што тврдат, „ги прекршиле прописите“ за пловидба низ Ормускиот теснец.
Во објава на „Телеграм“ вчера, поморските сили на Револуционерната гарда наведоа дека „Теснецот не е место за тестирање неовластени пловни рути, ниту пак за игнорирање на поморските предупредувања“.
Според нивните наводи, танкерите се запалиле откако удриле во мини, и покрај тоа што биле под воздушна придружба на американските сили, пренесе „Бета“.











