Исландската полиција побара депортација и забрана за повторен влез на 21 активист кои беа приведени во Рејкјавик откако беа уапсени за време на кампања против лов на китови, објавија медиумите денес.
Бродот „Бандеро“, кој припаѓа на фондацијата на активистот за права на животните, Пол Вотсон, беше качен покрај брегот на Исланд во четврток вечерта откако ги попречи активностите на бродот „Хвалур 9“, еден од последните два комерцијални брода за лов на китови што сè уште работат во Исланд, објави „Ле Фигаро“.
Активистите се обвинети за „кршење на меѓународното право на морето и загрозување на поморската безбедност“, како и за други прекршувања на телекомуникациските прописи, изјави портпаролот на полицијата, Гунар Рунар Свеинбјорнсон.












