понеделник, септември 14, 2026
Дома СВЕТ „Ирскиот премиер ми побара услуга“ Tрамп: Ќе ги укинам царините на ирското...

„Ирскиот премиер ми побара услуга“ Tрамп: Ќе ги укинам царините на ирското виски

45
EPA/MAXIM SHEMETOV / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги укине американските царини за ирското виски на крајот од својата дводневна посета на Ирска.

Присутните ја поздравија со овации најавата на американскиот претседател, дадена кај 18-тата дупка за време на церемонијата на доделување награди на турнирот „Ириш опен“ (Irish Open) во голф-одморалиштето „Дунбег“ во округот Клер. Во неделата, претседателот, носејќи бела бејзбол-капа со натпис „USA“, му го врачи трофејот од „Ириш опен“ на победникот Шејн Лаури.

Тој им кажа на присутните дека разговарал за царините за виски со ирскиот премиер Мајкл Мартин и со голферот Лаури.

„Тие прашуваат: ‘Дали ќе ми направите услуга? Ова што се случува е неправедно. Дали постои начин да ги укинете царините за ирското виски?’ А јас реков дека, во име на Соединетите Држави, ќе ги укинам царините за ирското виски“, рече Трамп.

Трамп: Ирскиот премиер побара услуга од мене; ќе ги укинам царините за ирското виски
За вискито произведено во Ирска и увезено во Соединетите Држави важи царина од 10 проценти. Вискито произведено во Северна Ирска или на друго место во Обединетото Кралство не подлежи на царини.

Лаури се пошегува на прес-конференцијата по турнирот: „Ирските дестилерии наскоро би требало да ми напишат чек; ова сигурно вреди нешто за нив.“

„Синоќа имаше голема вечера на која присуствував и таму разговаравме, но тој не ми кажа дека ги променил плановите поради мене“, додаде Лаури.

Здружението за ирско виски соопшти дека „целосно ја поздравува“ најавата на Трамп. „Ќе продолжиме да соработуваме со нашите европски и американски колеги за да обезбедиме враќање на нулта царина за извозот на сите пијалаци“, се додава во соопштението.

Хеликоптерот „Марин 1“ (Marine One) ќе го превезе Трамп од теренот за голф до аеродромот „Шенон“, од каде што тој ќе замине од Ирска.

ИЗДВОЕНИ