Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, објави државниот радиодифузер „Прес ТВ“.
Според новиот систем, сите бродови што имаат намера да поминат низ стратешки важниот морски премин ќе добијат електронска порака од адреса поврзана со тело наречено Управа за теснецот на Персискиот Залив (PGSA), кое ќе ги наведе новите правила и прописи за премин.
Според правилата, бродовите ќе мора да добијат посебна дозвола за транзит пред да влезат во теснецот, кој се смета за еден од најважните светски центри за транспорт на нафта.
Иницијативата е опишана како „суверен систем за управување“ кој сега е оперативен во Ормускиот теснец, се вели во извештајот.
Во Ормуз се на сила два системи за регулирање на поморскиот сообраќај, едниот управуван од Иран, а другиот од Американеците, кој има за цел да обезбеди премин на бродовите низ теснецот. Сепак, транзитот на бродови низ Ормуз е сè уште минимален, без индикации за враќање на ситуацијата пред почетокот на конфликтот.












