Иран тврди: Американскиот напад површен, не предизвика сериозна штета!

733
- MANDATORY CREDIT: SATELLITE IMAGE 2025 MAXAR TECHNOLOGIES -- THE WATERMARK MAY NOT BE REMOVED/CROPPED --HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALESHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Официјални лица во Иран го минимизираат влијанието на американските напади врз нивните нуклеарни постројки, особено локацијата Фордо закопана длабоко во планините, што е сосема спротивно од тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нападот ги „уништува“.

Манан Раeиси, ирански пратеник кој го застапува Ком – град во близина на нуклеарната локација Фордо – во неделата наутро изјави дека нападот бил „прилично површен“ и не го оштетил сериозно објектот.

„Врз основа на точни информации, можам да кажам дека, спротивно на тврдењата на претседателот на САД, нуклеарната постројка Фордо не е сериозно оштетена. Повеќето од погодените области беа над земја и може целосно да се обноват“, рече Раеиси.

Тој додаде дека во Фордо нема загинати.

Дописникот на Фарс од теренот во близина на Фордо рече дека бил сведок на активирање на противвоздушната одбрана во раните утрински часови во неделата. Во еден момент, тој видел пожар и слушнал експлозии – но пламенот не бил силен и тој згаснал за неколку минути, објави тој.

Иранските водители на државната Прес ТВ, исто така, тврдеа, без да дадат докази, дека нападите ги оштетиле само влезните и излезните тунели во Фордо, а не и самиот објект.

Покрај Фордо, САД ги нападнаа и нуклеарните локации Натанц и Исфахан.

Америка го нападна Иран, погодени се клучните нуклеарни постројки! Техеран: „Ќе има трајни последици!“

Ќе следи ли драматичен раст на цената на нафтата и инфлацијата!?

ИЗДВОЕНИ