Американската војска ги повика пристанишните работници, административниот персонал и екипажите на трговски бродови да се држат настрана од иранските воени бродови и воена опрема, додавајќи дека не може да ја гарантира безбедноста на цивилите во близина на објектите што ги користи Иран за воени цели.
Иран се закани со жесток контранапад доколку САД ги нападнат нивните пристаништа
Иран предупреди дека пристаништата во регионот ќе станат „легитимни цели“ доколку бидат нападнати иранските пристаништа, порача портпаролот на иранската војска.
Заканата доаѓа кратко откако Централната команда на САД ги повика цивилите во Иран „веднаш да се оддалечат“ од сите пристанишни објекти од Ормутскиот теснец каде што дејствуваат иранските поморски сили, пренесе „Франс прес“.
Иранскиот воен портпарол порача дека Иран ќе возврати на нападите на пристаништето во регионот ако бидат погодени иранските пристанишни објекти.
Инаку, Централната команда на САД (CENTCOM) ги предупреди цивилите во Иран веднаш да се оддалечат од сите пристанишни објекти во Ормутскиот теснец што ги користи иранската морнарица.












