вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Интернет хаос околу пукањето на гала-забавата на Трамп

Интернет хаос околу пукањето на гала-забавата на Трамп

114
epa12914515 First lady Melania Trump (L) and US President Donald Trump participate in the White House Correspondents' Association Dinner in Washington, DC, USA, 25 April 2026. EPA/Yuri Gripas / POOL

„Наместено“. „Бизарно“. „Супер чудно“. Штом се прошири веста за пукањето на гала-вечерата на администрацијата на Трамп со новинари во хотел во Вашингтон, социјалните медиуми беа во хаос во форма на теории на заговор.

Теориите на заговор го запалија интернетот по инцидентот во саботата навечер, кога вооружениот напаѓач – идентификуван како Кол Томас Ален, се проби низ контролниот пункт во хотелот. Напаѓачот набрзо беше совладан. Ниту еден од достоинствениците – а просторијата беше преполна со новинари, познати личности и членови на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го потпретседателот Џ.Д. Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио – не беа повредени во инцидентот.

Но, веднаш по првата вест за пукањето во хотелот, многумина се појавија на интернет за да тврдат дека инцидентот бил „наместен“. Корисници од сите делови на политичкиот спектар учествуваа во хаосот на платформите, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT). Меѓу нив беа левичари и десничари и влијателни личности и коментатори, кои – без докази – тврдеа на „X“, „TikTok“, „Facebook“, „Instagram“ и „Bluesky“ дека нападот бил инсцениран.

„Ова е уште еден инсцениран настан“, се вели во еден пост на „X“ кој е прегледан над пет милиони пати.

Многумина рекоа дека тоа било одвлекување на вниманието од лошите резултати на Трамп на анкетите или војната во Иран. Според NYT, терминот „наместен“ бил споменат само на „X“ во над 300.000 објави.

Најшироко распространетата теорија беше дека нападот бил оркестриран за да ги поддржи плановите на Трамп за нова сала за бал во Белата куќа. Трамп го спомена тоа по инцидентот, наведувајќи дека му е потребна „голема, безбедна и сигурна сала за бал“.

Многу сојузници на MAGA – вклучувајќи го подкастерот Џек Пособјек и десничарскиот активист Том Фитон – потоа се појавија на интернет за да ја повторат потребата од нова сала, додека други корисници тврдеа дека овој брз, координиран одговор е доказ за уште поголем заговор.

Одредени клипови што станаа вирални по вечерата само долеа масло на огнот. Имено, Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа, пред гала вечерата објави за „Фокс њуз“ дека Трамп ќе одржи „забавен говор“, дека е „подготвен за борба“ и дека за време на неговиот говор ќе има „истрели“ – што во САД е синоним за неочекувани и остри изјави.

– Вечерва ќе бидат испукани неколку „истрели“… Ќе биде навистина одлично – рече Левит, објави „Дејли бист“.

По нападот, многумина тврдеа дека нејзиниот коментар бил „необичен“, „сомнителен“, „бизарен“, „морничав“ и дека Левитова користела „чуден избор на зборови“.

 

ИЗДВОЕНИ