Ученик е повреден во инцидент што се случил во основно училиште во Чрномељ, во југоисточна Словенија, соопшти локалната полиција. Според новинската агенција СТА, првичните информации од Министерството за образование укажуваат на тоа дека маскиран ученик нападнал друг ученик со остар предмет.
Регионалниот веб-портал „Моја Долењска“ објави дека нападнатиот ученик не се здобил со сериозни повреди.
Полицијата во моментов е на лице место и го истражува инцидентот, наведоа од Министерството, додавајќи дека се шокирани од настанот и дека најостро го осудуваат.
„Училиштето мора да биде безбедно место – место изградено врз доверба – затоа не може да има никакво оправдување за вакво насилство, ниту пак треба да се минимизира сериозноста на настанот“, се вели во соопштението.
Според очевидци и родители, пред училиштето има голем број полицајци и ученици.
Родителите се известени за инцидентот, додадоа од Министерството.












