петок, јуни 19, 2026
Дома СВЕТ И Путин и Зеленски прогласија примирје, но термините не им се совпаѓаат

И Путин и Зеленски прогласија примирје, но термините не им се совпаѓаат

229
Фото: EPA

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска најави дводневен прекин на огнот во војната со Украина на 8 и 9 мај, за да ја одбележи годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втора светска војна.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека Русија ќе преземе масовен одмазднички ракетен напад врз центарот на Киев доколку Украина се обиде да ја попречи прославата на Денот на победата.

– Го предупредуваме цивилното население на Киев и персоналот на странските дипломатски претставништва на потребата благовремено да го напуштат градот – се посочува во соопштението на руското МО.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера исто така објави дека Украина прогласува прекин на огнот од полноќ по локално време на 6 мај, и покрај тоа што не добил никакви предлози за модалитетите за прекин на непријателствата.

„До денес немало официјален апел до Украина во врска со модалитетите за прекин на непријателствата, како што се тврди на руските социјални мрежи. Веруваме дека човечкиот живот е неспоредливо поважен од „прославата“ на која било годишнина. Во овој поглед, прогласуваме режим на прекин на огнот, почнувајќи од 00:00 часот во ноќта меѓу 5 и 6 мај“, наведе тој на Телеграм. Во соопштението се додава дека во преостанатото време е можно да се обезбедат услови за прекин на огнот, со порака дека украинската страна ќе дејствува „реципрочно“ од тој момент.

„Во времето дотогаш, реално е да се обезбеди почеток на прекин на огнот. Ќе дејствуваме реципрочно, почнувајќи од наведениот момент. Време е руските лидери да преземат вистински чекори кон завршување на нивната војна, доколку руското Министерство за одбрана верува дека нема да одржат парада во Москва без добрата волја на Украина“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ