Резолуцијата предложена од Гана денес во Обединетите нации, со која трансатлантското ропство се смета за најсериозно злосторство против човештвото и се бара репарација, беше усвоена и покрај противењето на Европа и САД.
Гана изјави дека резолуцијата е потребна бидејќи последиците од ропството, кое принудило најмалку 12,5 милиони Африканци да бидат киднапирани и продадени помеѓу 15 и 19 век, сè уште се чувствуваат денес, вклучително и расните нееднаквости, објави Ројтерс.
На гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации, 123 земји ја поддржаа резолуцијата, која не е правно обврзувачка, но има политичка тежина, додека три беа против, вклучувајќи ги САД и Израел, а 52 беа воздржани, вклучувајќи ја Европската Унија и Велика Британија.












