петок, август 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА И денеска пораст на пожарите по вчерашниот рекорден ден: Стабилизирана е состојбата...

И денеска пораст на пожарите по вчерашниот рекорден ден: Стабилизирана е состојбата во пелагонискиот регион и во Могила, информира Ангелов

8
Фото:ЦУК, фб

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојаче Ангелов инфомира попладнево дека состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но дека повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент.

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер.

 

„Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат“, вели Ангелов.

 

Гори и во Македонски Брод, во атарот на селото Драгов Дол. Таму втор ден гаснат 25 доброволни пожарникари и пет оперативци на ДЗС. Ангелов вели дека има значаен напредок и е воспоставена контрола.

Пожар има и во Општина Новаци, кај село Маково и Црничани, каде гори ниска вегетација и деградирана шума.

 

„Очекувам во текот на денешниот ден овој пожар кој се одвива на место каде што има неексплодирани убојни средства, да биде совладан“, рече Ангелов.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

Горело и на две места во Струга – се уште активен е пожарот во Делогожда, каде гори ниска вегетација, но зафатил голема површина. Масовно на пожарникарите им помагало и локалното население.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен.

„Таму ќе биде упатен еден полициски хелихоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода“, кажа Ангелов.

На територијата на Општина Куманово Куманово, во село Ново Сељање гори стрниште и нсика вегетација, а директорот на ДЗС очекува овој пожар брзо да биде изгаснат.

 

Вкупно 40 пожари беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, а најдраматично беше во пелагонискиот регион и Богомила, каде огнот се приближи и до првите куќи. На помош се вклучи и дел од локалното население – Во с.Ивањевци, 34 годишниот  Александар Чепиговски со својот трактор и цистерна со вода влегол директно во огнените јазици и со што го сопрел ширењето на пожарот кој бил пред самите куќи.

Тој упати уште еден апел до сите граѓани, да бидат исклучително внимателни. „Доволна е само искра за вистинска катастрофа“,

рече тој.

ИЗДВОЕНИ