Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарност од 13 до 19 април 2026 година, под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“, Црвен крст –Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.
– Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехранбени производи, средства за хигиена, облека, обувки, кои можат да се достават во просториите на Црвен крст – Охрид, улица „Димитар Влахов“ 52, секој работен ден од 8-16 ч. и да донираат 100 денари со повик на бројот 143-400 – повикуваат од оваа хуманитарна организација.
Притоа нагласуваат дека со секоја донација се овозможува да се помогне на што поголем број лица на кои помошта им е најнеопходна.












