Производителот Мијукиќ-Пром иницираше повлекување на производот „далматинска сланина, исечена, 100 г“ од марката „Окуси завичаја“, со рок на траење од 15 декември оваа година, серија L918M0H.
Се наоѓа на пазарот во хрватските продавници на Лидл, а се повлекува поради потврдено присуство на бактеријата listeria monocytogenes во производот, предупреди Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH).
Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 2073/2005 од 15 ноември минатата година за микробиолошки критериуми за храна.
Лидл изјави дека производот може да се врати со враќање на парите, без оглед на тоа дали купувачот има фискална сметка, објавија хрватските медиуми.











