Глобалните цени на храната во септември пораснале за 1,5 отсто во однос на август и за 5,8 отсто на годишно ниво, покажува најновиот индекс на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Најголем раст има кај пченицата, чија цена се зголемила за 6,3 отсто, додека шеќерот поскапел за 6,1 отсто. Пченката е поскапа за 5,6 отсто, оризот за 1,4 отсто, а растителните масла за 0,9 отсто.
Од ФАО посочуваат дека нарушувањето во транспортот, особено во Црното Море и во Хормускиот Проток, како и неповолните временски услови, влијаат на достапноста и на цените на земјоделските производи.
Цените на месото се намалиле за 1,1 отсто, а на млечните производи за 0,1 отсто.
ФАО годинава очекува да се намалат глобалното производство и трговијата со житарки, при што светската трговија се предвидува на 505,8 милиони тони, што е 3,5 отсто помалку од рекордното ниво во сезоната 2025/2026.












