вторник, јули 7, 2026
Дома БАЛКАН Холандија со вето ќе застане на патот на Србија кон ЕУ. Се...

Холандија со вето ќе застане на патот на Србија кон ЕУ. Се противи на отворање на третиот преговарачки кластер

47

 

Европската комисија, оваа среда, од амбасадорите на земјите членки ќе побара одобрување за отворање на третиот преговарачки кластер со Србија, но Холандија најавува вето, додека уште неколку држави изразиле резерва, објави „Политико“.

Несогласувањата ја отсликуваат пошироката дебата во Унијата околу политиката на проширување. Европската комисија смета дека проширувањето е важен геополитички инструмент за приближување на соседните земји кон ЕУ, додека дел од членките оценуваат дека кандидатите не треба да бидат наградувани пред да покажат конкретен напредок во владеењето на правото, демократијата и реформите.

Од Европската комисија, според „Политико“, сметаат дека Србија во последниот период исполнила значителен дел од преземените обврски и ги коригирала недостатоците што беа забележани по усвојувањето на спорните закони на почетокот на годината. Сепак, во друг интерен извештај на Комисијата, во кој увид имал „Политико“, се наведува дека и натаму постои загриженост за состојбата со човековите права, притисоците врз граѓанските организации и новинарите, како и поради недоволниот напредок во истрагите за големите случаи на корупција, меѓу кои и случајот со уривањето на бетонскиот натстрешник на железничката станица во Нови Сад. Дел од дипломатите сметаат дека напредокот на Србија би испратил погрешна порака, особено ако се има предвид дека земјата одржува блиски односи со Русија, додека Украина и Молдавија сè уште не ги отвориле сите преговарачки кластери.

ИЗДВОЕНИ